Како да станеш подобра личност

 

 

Како да станеш подобра личност

Сите ние сме правеле грешки низ годините, при коишто не сме оставиле баш најдобар впечаток –
можеби сме задевале некого на училиште, или, пак, сме кажале навидум мала, бела лага. Сепак,
големи се шансите дека сме почувствувале вина и сме научиле лекција од ситуацијата.
Доколку сакате да раснете и да се развивате како личност, еве неколку насоки во тој правец:

Доделувајте си комплимент самите на себеси

Секое утро пред да започнете со вообичаената дневна рутина, одделете момент за да си доделите
комплимент. Без разлика дали станува збор за гардеробата, фризурата или како успешно сте
извршиле одредена задача користејќи ги вашите уникатни вештини, давањето мал емотивен
„boost“ ќе ве направи посреќни и позадоволни. А кога сте среќни самите со себеси, оваа емоција
се рефлектира и на оние околу вас.

Немојте да се оправдувате

Обвинувањето на брачниот партнер, шеф или клиент е бесцелно и нема ништо да постигнете.
Наместо да ја префрлате вината некому и да се правдате зошто не сте среќни или успешни во
вашиот приватен или професионален живот, прифатете ги своите грешки и учете од нив. Кога го
преземате овој чекор – станувате подобра личност.

Заборавете на бесот

Секако е полесно да се каже отколку да се спроведе на дело. Да се почувстува бес е сосема
природна и нормална емоција, но не смеете да го задржувате. Во спротивно, можете да
направите лоши одлуки, и уште поважно, може негативно да повлијае на вашето здравје. Некои
истражувања укажуваат на тоа дека бесот предизвикува проблеми со дигестијата, тешкотии со
спиењето, па дури и срцеви заболувања.

Бидете искрени и директни

Како би се чувствувале кога вашиот партнер/вашата партнерка би ве излажал/а? Голема е
веројатноста ова да предизвика губење на довербата. Затоа, ако сакате да бидете подобар човек
во вашиот личен или професионален живот, секогаш треба да ја кажувате вистината и да го
искажувате она што сакате да го споделите најјасно што може. Научете да артикулирате со вашите
мисли, чувства и идеи на најтранспарентен и најискрен начин.

Бидете од помош

Без разлика дали станува збор за отстапување место за седење во автобус на повозрасно лице,
помагање на колега при одредена задача или носењето на кесите по пазарувањето на вашиот
партнер, помагањето е еден од најлесните и најуспешни начини да вежбате станување подобра
личност.

Секогаш бидете љубезни

Воопшто не е потребно премногу труд за да кажете „благодарам“ или да ја задржите вратата од
лифтот на соседот. Сепак, овие мали дела некому можат да му го разубават денот.

 

Бидете отворени за промена

Можеби се работи за патување на некоја непозната дестинација во светот, посета на нов ресторан
или правење нешто што ви предизвикува страв: секогаш треба да бидете расположени за
промена. Ова овозможува да пораснете како личност затоа што се изложувате на нови искуства.
Кога не сте претпазливи за промената – тоа ве прави посигурни во себеси и така фунционирате
подобро.

Почитувајте ги другите

Сигурно би се вознемириле кога некој би ви дошол во посета непосредно откако сте исчистиле, а
притоа не се собуе и ви остави флеки од кал по подот. Земете го предвид овој пример и
спроведете го во вашиот секојдневен живот. Немојте да фрлате смет или отпушоци на подот на
јавни места или на тротоарот само затоа што некој друг ќе исчисти зад вас. Почитувајте и ценете ги
туѓото време, мислења, идеи, животен стил, емоции, работа итн. Не морате да се сложите со ниту
едно од нив, но секој има право на свое мислење и вашето не е задолжително и правилното.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *