7 начини како да се мотивирате себеси и другите

 

 

 

7 начини како да се мотивирате себеси и другите

„Предизвиците не се надминуваат правејќи ги помали, туку правејќи се себеси поголем“ –
Џон К. Максвел.

За да се постигнат добри резултати, потребни се способност и мотивација.
Со мотивација нештата се остваруваат.
Каде што има волја, има и начин (или: „Сé се може ако се сака“). Еден од најдобрите
начини да ја подобрите сопствената ефективност е да ја усовршите вештината за
мотивација, наоѓајќи го вашиот стимул.
Ако успеете во ова, можете да се справувате со животните предизвици , но и секогаш да се
инспирирате и да најдете начин како да продолжите понатаму, да изнајдувате решенија,
да создавате нови искуства и да продолжите да растете како личност.

7 начини како да се мотивирате себеси и другите:

1. Поврзете се со вашите вредности.

Ова е врвната тајна. Доколку успеете да ја поврзете вашата работа со она што го
вреднувате, дури и на мали начини, може тотално да ги промени нештата на подобро.
Некои од моите вредности се учење и растеж.
Оттаму, наоѓам начини да ги усовршам моите вештини во било која ситуација. На пример,
јас не само „се прејавувам“, туку правам клиентот да биде презадоволен од мојот фидбек.
Не „завршувам задача“, туку „се усовршувам“. Не „сработувам нешто“, туку „учам нешто
ново“.

2. Пронајди го одговорот на ЗОШТО.

Откриј исполнителна причина,и претвори ја во главен мотив / водилка.
На пример, кога ќе паднам јавајќи коњ, си велам „тука сум за да направам другите да
бидат одлични“. Ова ме враќа во колосек, споделувајќи го најдоброто што го знам.

3. Промени го твоето ЗОШТО.

Понекогаш правиш некои работи, но со погрешна цел. Дали ја извршуваш задачата само
затоа што треба да се заврши, или учиш и нешто ново? Дури и само со промена на
причината може да се зголеми ентузијазмот.

4. Промени го твоето КАКО.

Извршувањето одредена задача може да биде направено со поголемо задоволство
доколку се размислува на начин не само да се заврши работата, туку и да се заврши на
правилен начин.
Мислете на ова како на усовршување на вашата вештина, направете го како уметност.
Понекогаш побавно е подобро. Понекогаш, пак, клучот е во брзината. Moжете да си
поставите крајни рокови и да се натпреварувате со часовникот. Промената на вашето КАКО
може да ви помогне да се научите како да излезете од ќорсокак.

5. Сетете се на некој пријатен спомен од минатото.

Мисловно навраќајќи се на филмови и сцени е еден од најбрзите начини да се чувствувате
подобро.
Познато ли ви е чувството? Она кога сте го доживеале првиот бакнеж, или додека сте
лежеле во тревата некој сончев ден?
Кога добро се чувствувате, побрзо ќе добиете инспирација и мотивација.

6. Префрлувајте се во минатото, сегашноста или иднината.

Понекогаш е подобро да бидете во сегашноста, а понекогаш не. Убавината во менувањето
на категоријата време е што може да си претставите подобра иднина, или да се потсетите
на убавото минато.
Исто така, ако се чувствувате заробени во болното минато, можете да се вратите во
сегашноста и да ја почувствувате моменталната среќа.
На овој начин ќе си ја подобрите темпоралната вештина, вештината за време.

7. Пронајдете значајна метафора.

Најдете метафора што ви дава енергија, можеби сте „во елемент“, или „Спиди Гонзалес“
итн.
Најдобро е да пронајдете метафора што ве поврзува со вашите вредности. Затоа јас ги
претворам моите проекти во „епски авантури“.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *