Идеи за започнување сопствен бизнис во време на пандемија

 

 

 

 

Идеи за започнување сопствен бизнис во време на пандемија

 

Многу бизниси ја почувствуваа кризата и се загрозени заради моменалната состојба во целиот
свет. Како резултат на пандемијата и сведочејќи за намаленото работно време во фирмите,
отпуштањето работници, но и затворањето на голем број компании, многу луѓе се плашат да не ги
изгубат своите работни места. Најдобро воопшто и да не ги споменуваме угостителските и
туристичките објекти, кои најповеќе ја почувствуваа оваа светска економска криза. Во овие
времиња, кога сè е неизвесно заради состојбата со пандемијата во целиот свет, започнувањето
нова или дополнителна работа изгледа невозможно, но следните неколку предлози можат да ви
помогнат да започнете свој бизнис и во време на пандемија.

Започнување нов бизнис во време на пандемија можеби не звучи како идеална можност, но
всушност токму ова би можело да биде одлична бизнис одлука. Врз основа на голем број
извештаи, кои ни се достапни онлајн, можеме да добиеме реална слика за порастот на е-
трговијата (e-commerce) како кај нас, така и во светот. Многу работи се пренасочија на онајн
платформи, а со тоа постигнат е огромен пораст на онлајн работењето (продажба, консултации,
…). Иако повеќето бизнис идеи кои постојат денес не се инспирирани од КОВИД-19, постојат
повеќе начини со чија помош „традиционалните“ работи можат да се прилагодат на пандемијата
со КОВИД-19 вирусот. Како претприемач, доколку се разбирате и успеете да се прилагодите на
новонастанатите предизвици произлезени од пандемијата, можете да започнете свој успешен
бизнис.

Drop shipping (Испорака на роба)

За луѓето кои повеќето од своето време го минуваат дома, онлајн услугите станаат многу важни.
Во овие услуги најчесто се вклучени достава на оброци, намирници, здрава храна, како и
фармацевстски производи и суплементи. Насочете се кон отворање на бизнис кој се заснова на
производи, кои можат да им помогнат на луѓето да ги подобрат животните навики, да станат
поздрави, да го зајакнат имунолошкиот систем…
Истотака можете да се насочите кон покренување на хиперлокален систем за достави, кој е
поефикасен и поевтин од вообичаените услуги. Кога ќе работите само во одредена област, ќе
можете да ги разберете трошоците за работење во таа област, како и да дознаете повеќе за
своите клиенти и нивните навики за купување и така полесно да го прилагодите своето работење.

Фитнес и велнес програми

Корона вирусот придонесе до тоа повеќето луѓе да работат од дома и да бидат во затворени
простории поголемиот дел од своето време. Сето ова во комбинација со анксиозноста која
произлегува од пандемијата, придонесе да се променат и изгубат многу рутуни; луѓето повеќе не
вежбаат, не се хранат здраво, пијат поголем број на нездрави сокови или алкохол и генерално
водат помалку грижа за себеси. Сега, повеќе од било кога, на луѓето им треба дополнителна
мотивација! Не постојат теретани заради кои би се одлучиле да ги напуштите своите домови и да

работите на своето тело, а седењето дома по цели денови може да придонесе да се почуствувате
изолирано и под стрес.
Фитнес и велнес содржините, од ден на ден, за време на пандемијата стануваат сè попопуларни,
бидејќи на луѓето им треба дополнителна мотивација и инспирација кои ќе им помогнат да
започнат со грижата за себе.

Доколку и понатаму не сте сигурни како да ги искористите горенапишаните совети и да започнете
свој бизнис, побарајте не! Не треба да се грижите за тоа дали имате искуство или не, бидејќи
нашиот стручен тим Ви стои на услуга и е тука за да Ве обучи и да Ви даде поддршка со сите
потребани алатки за водење успешен бизнис-кој можете да го работите онлајн. Ние не се
откажавме, ниту се повлековме за време на овој период, благодарејќи на меѓусебната поддршка
и доброорганизираниот тим, кој е подготвен да Ви посака добродојде во секое време.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *