Мантри за успех во бизнисот

 

 

 

Мантри за успех во бизнисот

 

 

За да имате успешен бизнис не треба да се користат нови, комплицирани техники. Во
продолжение ви претставуваме 13 едноставни мантри кои ќе допринесат за успех во вашиот
бизнис.

1. Работете на сопствен начин
Учете од другите, но следете ја сопствената интуиција. Секој пат е уникатен – бидете агилни,
флексибилни, но задржете ја вашата упорност за да успеете. За одржлив растеж, осигурајте
си ментор чиишто совети и насоки би ви помогнале да го придвижите вашиот бизнис
нанапред.

2. Бидете иновативни, немојте да стагнирате
Следете што се случува, истражете го пазарот и вашата конкуренција за да го направите
вашиот бизнис конкурентен. Бидете креативни и разликувајте се од останатите – барајте
иновативни решенија за вашиот бизнис.

3. Познавајте го пазарот и вашите клиенти
Бидете во тек за тоа како функционира пазарот и каде е вашето место во него. Следете ги
постојано потребите и желбите на потрошувачите, Истражете го пазарот за да ги сфатите
потрошувачките навики на вашите клиенти. Промовирајте ги и предностите на вашата понуда,
а не само описот на вашиот производ.

4. Изградете силен бренд
Брендот е се! Силните брендови привлекуваат клиенти. Создадете привлечен и квалитетен
бренд и неуморно работете во насока на неговото промовирање и одржувањето на неговите
вредности.

5. Фокусирајте се на квалитетот, услугата и вредноста – а не на најниската цена
Немојте да се концентрирате на цената. Вистинските потрошувачи се оние кои се осврнуваат
на квалитет, услуга и долготрајна вредност. Оттаму, осигурајте се дека вашиот бренд го
исполнува она што го промовирате.

6. Вработете ги најдобрите – нека работат вредно и плаќајте ги добро
Вработете помалку луѓе, работете кон тоа да се стекнат со разновидни вештини и понудете
им добри плати. На тој начин ќе бидат помотивирани, пофокусирани и шансите да си заминат
се помали. Поттикнувајте тимска работа. Формирајте помали тимови насочени кон
постигнувањето на клучните бизнис цели и наградувајте го успехот.

7. Бидете подготвени, стручни и гладни за успех
Максимизирајте го приходот и минимизирајте ги трошоците. Неуморно изнајдувајте нови и
успешни активности во сите можни форми, Размислувајте во правец кон постојано
подобрување и вклучете ги сите во неговото спроведување.

8. Бидете флексибилни и приспособливи
Вообичаено победниците се оние коишто се способни да реагираат брзо при промена и да се
адаптираат на пазарот на најсоодветниот начин. На тој начин кризата се претвора во нова
прилика.

9. Имајте финансиски залихи
Парите го вртат светот – инвестирајте внимателно и создајте си парична заштеда.
Избегнувајте финансиски долгови, освен со оправдана причина за растење на бизнисот.
Заштедата ќе биде буфер – ќе го стимулира протокот на средства и ќе ви овозможи емотивна
добросостојба.

10. Создадете култура на долготрајно учење и усовршување
Инвестирајте во развојот на вашиот тим – охрабрувајте го усовршувањето на вештините и
постојаното доквалификување. Вештиот и мотивиран кадар е попродуктивен и прави помалку
грешки. Стимулирајте инклузивност и активно учество од секој член на тимот.

11. Планирајте, планирајте, планирајте
„Ако се потребни 4 часа за еден човек да успее да исече едно дрво, тогаш три од четирите
часа треба да се потрошат во острење на секирата.“
Направете практични планови со јасни задачи – мониторирајте и менувајте по потреба.
Користете го Деминг принципот: ИСПЛАНИРАЈ-РЕАЛИЗИРАЈ-ПРОВЕРУВАЈ-РЕАГИРАЈ.
Комуницирајте ги вашите планови.

12. Водете од првите редови
Покажете го вашето лидерство – бидете видливи, активни, нудете поддршка, изразувајте
јасна визија, бидете полни со самодоверба и одлучност, на тој начин уверливо ги „продавате“
вашите планови на останатите.

13. И НА КРАЈ
Секогаш запомнете дека без овие две нешта немате бизнис – клиенти и готовина.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *