Зошто здравјето е клучот до вашиот професионален успех

 

 

 

Зошто здравјето е клучот до вашиот професионален успех

 

Водете сметка за вашето здравје, така и вашата бизнис ќе се погрижи самиот за себе.

Почитувајте го сопственото тело – јадете и спијте правилно,  поставувајте си телесни предизвици –
и така ќе се наградите со повеќе енергија, поголем фокус и концентрација и зголемена
дисциплина. Ќе постигнете повисоко ниво на продуктивност, додека конкуренцијата ќе заостане и
ќе гледа одзади како напредувате се повеќе и повеќе.

Спијте квалитетно, за да носите јасни и трезвени бизнис одлуки

„„Snooze“ опцијата на вашиот мобилен телефон е најлошиот изум за квалитетен сон. “
затоа што дополнителниот „сон“ со продолжително активирање на оваа опција всушност
овозможува лесно, фрагментирано спиење што по будењето не прави да се чувствувате свежо,
туку уморно. Неквалитетниот сон го уништува остатокот од денот. Како претприемници, треба да
сме постојано на нозе и да носиме одлуки во движење.
Добриот сон е клучен за да можете ефективно да го водите вашиот бизнис. Ви треба чист ум за да
можете да водите финансиски преговори, да имате ефикасна тимска комуникација и да
инспирирате на социјалните медиуми преку содржините што ги создавате. Добриот одмор е
нешто што го заслужувате и го должите самите на себе, но и за доброто на вашите клиенти и
вашиот тим.

Тренирајте за да бидете емотивно издржливи

Вежбањето ве учи како да се соочувате со тешкотиите пред вас. На пример, кога одите во теретана
– кревате тегови. Со поголема тежина правите повеќе мускули и се стекнувате со повеќе сила. Ако
сакате повеќе мускули, требате да ги предизвикате истите.
Истото важи и во бизнисот. Бивш колега може да преземе некои од вашите клиенти или вашиот
нов производ на пазарот да не ја реализира посакуваната продажба. Доколку вежбате, би гледале
на ваквите предизвици како благослов, затоа што знаете дека отпорот на крајот ќе резултира со
личен растеж и нови професионални достигнувања. Започнувате да реагирате со разум и причина,
наместо врз основа на емоција.

Хранете се правилно за да развиете здрава рутина

Сите би се сложиле дека правилната исхрана има многу предности: се продолжува животниот век,
размислувате појасно и имате повеќе енергија. Претприемникот којшто се храни правилно ги
сплотува во едно сиве овие предности, но, дополнително, се стекнува и со здрава животна навика.

Како што правите една работа, така ги правите сите работи. Доколку еден претприемник не се
храни здраво и не вежба, веројатно ова би го препишале на немање дисциплина. Но, ако
погледнете подобро, ќе сфатите дека му недостасува и дисциплина за сите преостанати дневни
задачи, или начинот на којшто ја инвестира заработката од својот бизнис.
Квалитетните навики овозможуваат целосно да ја зграпчите контролата над вашиот живот. Кога се
храните здраво, сосема несвесно почнувате да размислувате дека една добра навика води до
многу позитивни промени во вашиот живот. Наскоро, започнувате и со други добри навики во
сите животни аспекти, вклучувајќи ја и работата.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *