Како да го зајакнете имунолошкиот систем во време на КОВИД-19

 

 

 

Како да го зајакнете имунолошкиот систем во време на КОВИД-19

 

Сè поголемата загрижувачка состојба поврзана со КОВИД-19 допринесе да дојде до наплив на
пребарувања преку интернет во врска со начините како правилно да се заштитиме од вирусот.
Покрај правилното миење на рацете, што друго можете да направите за да го подобрите Вашето
здравје?
За среќа, постои една работа којашто е целосно под Ваша контрола, а тоа е Вашиот имунолошки
систем. Од толку многу достапни информации на интернет, извлековме неколку врвни совети кои
можат да Ви помогнат да го зајакнете имунолошкиот систем и да му помагнат на Вашето тело да
се бори против инфекцијата.

Спиење

Кога спиеме всушност се лекуваме. Здравиот имунолошки систем многу полесно
може да се спротивстави на инфекциите отколку имунолошкиот систем лишен од сон.
Возрасните треба да се фокусираат и да си овозможат ноќно спиење од шест до осум часа.
Спијте во затемнета просторија и одржувајте редовна рутина на легнување и будење.
Доколку имате проблеми со спиењето, информирајте се околу суплементација со
мелатонин, кој може да биде од голема корист за овој тип на проблем.

Намалете го нивото на стрес

Иако, нивото на стрес треба да го одржувате ниско во текот
на целата година, истото е особено важно во време на пандемијата со вирусот, бидејќи
стресот директно влијае на имунолошкиот систем. Обидете се да пронајдете начини за
намалување на нивото на стрес со помош на медитација, вежбање и контролирани
техники на дишење.

Уживајте во избалансирана исхрана

Недостатоците на хранливи материи придонесуваат
да бидеме поподложни на вируси и бактерии, па токму затоа за одржување на здрав
имунолошкиот систем, важно е да се јаде хранлива храна. Полнозрнатите житарици,
мешунките, јаткастите плодови и семиња, во комбинација со зеленчук со сладок вкус и
зелен лиснат зеленчук, ни ја овоможуваат потребната дневна хранлива вредност.

Хидратација

Ова често се занемарува, но правилната хидратација е клучен елемент за
добро функционирање на телото. Водата доставува витамини, минерали и хранливи
материи до секоја клетка во телото. Без соодветна хидратација и соодветен систем за
испорака на електролити, телото не ги добива потребните хранливи материи за да може
да се опорави од болест или инфекција.

Додатоци за зајакнување на имунитетот

Покрај горенаведените совети за животен стил и
однесување, препорачано е да користите додатоци за зајакнување на имунитетот, како
што се витамините, минералите, итн. Токму еден од најдобрите начини да ја внесете
потребната доза на хранливи материи во текот на денот, е Формула 2 комплексот на
витамини и минерали за мажи и жени, со кои ќе ги добиете 24-те хранливи состојки што
му се потребни на Вашето тело за негово непречено функционирање.

Важно е да разберете дека сите додатоци, како и препораките за зајакнување на
имунолошкиот систем, можат само да помогнат во зајакнување на истиот, но во никој случај
не се лек. Во случај да не се чувствувате добро или имате некој од симптомите на вирусот
ковид-19, Ве молиме контактирајте ја надлежната институција!

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *