Како да го надминете јадењето под стрес

 

 

Како да го надминете јадењето под стрес

Јадењето под стрес е консумирање храна како одговор на стрес, особено кога не сте гладни.
Слично на тоа, емоционалното јадење е јадење како одговор на чувствувањето. Емоционалното
јадење значи дека Вашите емоции, а не Вашето тело, диктираат кога и колку јадете.

Причини

Некои емотивни јадачи се прејадуваат кога се тажни или збунети. За други, јадењето може да
биде начин да го избегнат размислувањето за проблемите или превземањето на потребната
акција за нивно решавање. Но, зошто јадеме кога сме под стрес? Бидејќи за повеќето од нас,
храната нуди утеха и за жал, најмалку здравата храна обично ни нуди најмногу утеха.

Знаци

Како да знаете дали сте стрес-јадач? Постојат јасни знаци кои укажуваат на тоа дека јадете поради
емоционална тешкотија. Доколку одговорите потврдно на било кое од следниве прашања, Вие сте
стрес-јадач:
• Дали после одредено непријатно искуство, како што е расправија, јадете иако не чувствувате
глад?
• Дали посакувате специфична храна кога сте вознемирени, како на пример, дали секогаш кога се
чувствувате депресивно посакувате чоколадо?
• Дали чувствувате желба да јадете како одговор на надворешни дразби, на пример кога гледате
храна рекламирана на телевизија?
• Дали јадете затоа што чувствувате дека нема што друго да правите?
• Дали јадењето прави да се чувствувате подобро кога сте тажни или да бидете помалку
фокусирани на проблеми кога сте загрижени за нешто?
Ако јадете невообичаено големи количини на храна или редовно не престанувате со јадење се
додека не се чувствувате непријатно до степен на мачнина, тогаш најверојатно се прејадувате.
Доколку постојано јадете прекумерно, Ве молиме обратете се кај Вашиот здравствен работник.
Но, ако главниот проблем е јадењето под стрес, можеби ќе можете сами да најдете решение за
надминување на оваа навика.

3 начини да прекинете

Постојат различни начини да се исконтролира емоцијоналното јадење и да се претвори во
попозитивно искуство, но сите три бараат од Вас да се преиспитате и да ги промените навиките.

Пронајдете го изворот на стрес

Многу луѓе се подложни на т.н. предизвикувачи (тригери) на стрес, што ги тераат да јадат. Можеби
имате проблеми во врската коишто Ви нанесуваат болка или можеби стресот во семејството или
на работата Ви избегал од контрола.

Доколку можете да ја идентификувате причината (предизвикувачот), тогаш можете да превземете
конкретни чекори за да се ослободите од стресот пред тој да Ви избега од контрола.

Пронајдете нови начини за ослободување од стресот

Откако ќе дознаете што Ве тера да јадете повеќе, поставете си здрави навики за да избегнете
јадење во тие ситуации.
На пример, ако Вашето работно опкружување е стресно, најдете еден пријател кој може да шета
со вас за време на паузата за ручек, па така, покрај тоа што ќе успеете да го избегнете внесот на
вишок калории, ќе воведете и здрава активност. Дали сте под стрес дома? Одвоите си и уредете
си мал простор за медитација или тивок агол каде што можете да се опуштите или да дишете
длабоко.

Побарајте помош за надминување на емоционалниот стрес

Доколку методите кои ги применувате не Ви помогнат да престанете да јадење кога сте под стрес,
не плашете се да побарате помош. Многу социјални работници и психолози се специјално
обучени како да се справат со емотивните јадачи и да најдат решенија за спречување на навиката.
Обучен професионалец може да Ви помогне да поставите граници со луѓето кои Ви
предизвикуваат стрес или да ја промените Вашата околина на подобро. Тие исто така може
полесно да ги увидат проблемите кои Ве тераат да размислувате или да трчате до фрижидерот
кога не Ви треба храна.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *