Како до автоматизиран маркетинг за време на празниците

 

 

Како до автоматизиран маркетинг за време на празниците

Алатките за маркетинг автоматизација можат да бидат навистина корисни во текот на празниците. Автоматизацијата овзможува истовремено постигнување на две цели: да останете поврзани со вашите клиенти, а во исто време да имате слободно време за себе. Од витално значење е да ги ревидирате можностите и подесувањата за маркетинг автоматизација пред целосно да се исклучите од вашата работа.  Во ред е да подесите, но изумите одредени подесувања, но други изискуваат едитирање.

Осознајте дека станува збор за специфичен празничен период

Иако веројатно веќе ги имате активирано вашите автоматизирани маркетинг кампањи, сега е време да им се навратите и земете предвид дека станува збор за невообичаена празнична сезона. Не изумувајте на некои работи, затоа што ненамерно може да оставите впечаток на нечувствителни. Брендовите коишто ги игнорираат тешкотиите во 2020 најчесто се сметаат за неинформирани. Пред да го повторите пристапот од минатата година, запомнете дека 2020 беше полна со предизвици, оттаму и празниците за повеќето од нас ќе бидат различни од досегашните. Иако некои графикони можат да бидат реплицирани од декември 2019, некои, сепак, треба да бидат ревидирани.

Ревидирајте и обновете ги вашите и-мејл кампањи

Иако ќе одморате, вашите клиенти ќе продолжуваат да се претплатуваат за вашите услуги. Повеќете од компаниите ги започнуваат и-мејл „newsletters“ кампањите со порака за добредојде. Проверете дали содржината одговара на празничниот период. За овие мејлови веројатно немате потреба од промени, но ревидирајте за да се осигурате дека копирањето се уште функционира.

Следно, проверете ги вашите „дрип“ кампањи. Ако ја менувате копијата за празниците, осигурајте се да направите едит во новата година, зошто клиентите сигурно не сакаат мејлови за среќни празници на средината на јануари.

Ревидирајте ја исто така сегментацијата на lead-ови. Кога активно не ги мониторирате вашите кампањи, секако не би сакале да се доведете во ситуација вашите lead-ови да бидат категоризирани погрешно.

Организирајте дополнителни канали за поддршка на вашите клиенти

Ако вие и вашиот тим планирате да користите одмор, би било добра идеја да понудите дополнителни извори за поддршка на вашите клиенти. Користењето на бот за поддршк на вашиот сајт или на социјалните мрежи овозможува вашите клиенти да ја добијат потребната информација додека вие сте на заслужен одмор. Известете ги клиентите кога ќе се вратите назад на работа, па така кога ќе ве контактираат, да знаат кога да го очекуваат поотребниот одговор.

Ревидирајте го распоредот за постови на социјалните мрежи      

Иако алатките за авоматизација на социјалните медиуми се исклучително корисни за да останете поврзани кога не сте на работа, сепак е добра идеја и тројно да ја проверите содржината. Постирањето на универзална содржина сепак треба да биде релевантна. Уште еднаш, имајќи ги предвид специфичните околности во коишто се наоѓаме, содржините од минатата година можеби не се во соодветен контекст и за овие празници. Осигурајте се дека вашите постови се соодветно закажани и го одржуваат вниманието на вашите клиенти.

Немојте да заборавите да се заблагодарите

Многу луѓе се соочуваат со бројни тешкотии перидов, затоа секогаш е добра идеа да покажете благодарност на вашите клиенти. Тоа можете да го направите со промоција, попуст или персонализирана порака. Уште еднаш, можеби вашите кампањи се веќе подесени, но навратете им се и додадете порака за благодарност.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *