Правите планови за диета? Наместо тоа пробајте да го промените начинот на исхрана

 

 

Правите планови за диета? Наместо тоа пробајте да го промените начинот на исхрана

 

Кога ќе измине половина од месец јануари, време е за прочистување на списокот со диететски
одлуки од минатата година (а можеби и од годината пред тоа?), и време е за ветување кон себеси
дека ќе го обновиме повторно. Во нашата природа е да ја гледаме Новата година како време за
нови почетоци, време на ветувања и надеж. Па, така си ветуваме дека ќе јадеме правилно и ќе
бидеме во форма и се надеваме дека можеме да ги следиме зацртаните цели. Но, многу пати тоа
не ни успева, најчесто заради тоа што списокот за диета, за новиот начин на живот, како и
списокот на работи што треба да ги направиме е километарски, па заради тоа е премногу тешко
да се направат сите тие промени одеднаш. Ние сме суштества со навики и едноставно потребно е
време за новите навики да ги надвладеат старите.

Помудар пристап кон новогодишните одлуки за диета
Направете неколку мали промени секој месец

Имаме еден предлог за вас. Гледајте напред и направете го списокот на работи што би сакале да
ги исполните, единствено не се обидувајте да ги направите сите зацртани промени одеднаш.
Всушност, предложуваме да се фокусирате само на три мали промени во јануари – уште три во
февруари, потоа три во март и така натаму до крајот на годината. Еве зошто е тоа така- ако
работите на воспоставување на само три нови навики во текот на еден месец, нема да бидете
презаситени од обидите да се фокусирате на премногу работи одеднаш. До крајот на месецот,
трите нови навики ќе бидат дел од вашата рутина, а Вие ќе бидете подготвени да усвоите уште три
нови промени наредниот месец.

 

Придржувајте се кон Вашите одлуки за исхрана во текот на целата година

Да претпоставиме дека тие три промени што ги направивте во јануари намалуваат вкупно 100
калории на ден во Вашата исхрана. Можеби тоа не звучи многу, но да речеме дека истото би се
случило во февруари и во март, па во април и мај. Само пет месеци во новата година, а веќе би
направиле вкупно 15 мали, одржливи промени во Вашите навики во исхраната и би намалиле 500
калории на ден – доволно за да изгубите околу половина килограм неделно.
Размислете на што прво би сакале да работите. Можеби сакате да го намалите внесот на маснотии
или шеќер. Можеби Вашите порции се премногу големи или проблемот е во тоашто не јадете
доволно овошје или зеленчук. Можеби сте емотивен јадач и сакате да поработите на тоа. Потоа
утврдете ги трите работи што планирате да ги промените во јануари и фатете се за работа.

Три мали промени во исхраната на месечно ниво

Да речеме дека сакате да го намалите внесот на шеќер. Вашите промени во исхрана за јануари
може да бидат:
– за десерт ќе јадам овошје наместо колачиња
– ќе го намалам внесот на газирани пијалоци на половина

– засладениот (на пр. овошниот) јогурт ќе го заменам со обичен јогурт

Можеби имате проблем со внесување на преголемо количество масти. Во тој случај, Вашето
решение за промени во јануарската исхрана може да биде:
– наместо помфрит или чипс, како дополнителнување со ручекот ќе јадам салата
– обичниот дресинг за салата, ќе го променам со ниско-масен
– во кафето ќе користам обезмастено млеко, наместо полномасно млеко

Доколку треба да ги намалите порциите, решението за промена на навиките во јануари би
можело да изгледа вака:
– кога јадам дома ќе користам помали чинии за сервирање на храната, бидејќи така полесно се
контролира величината на порциите
– кога ќе јадам во ресторан, ќе го замолам келнерот половина од порцијата да ми ја спакува за
дома, а останатата половина да ми ја послужи
– ќе ги мерам порциите неколку пати неделно за да бидам сигурен дека останувам на правиот
пат

Можеби токму оваа е правата година за одлука и промена на пристапот кон вашиот нов начин
исхраната. Направете неколку измени, дајте си еден месец да се навикнете и потоа надградувајте
ги овие промени месец по месец. Точно е дека овој мудар пристап нe e ист со темелната промена
на начинот на исхрана, што ја правите секој јануари (а ја откажувате до февруари) – но што можете
да загубите ако пробате?

Доколку сте одлучиле да ги промените своите навики во начинот на исхрана, а не сте сосема
сигурни како да го направите тоа на здрав и правилен начин, КОНТАКТИРАЈТЕ не НАС и ние ќе Ви
подготвиме комплетен план на здрава исхрана со кој ќе се чувствувате одлично, ќе имате доволно
енергија да ги завршите секојдневните обврски, а истовремено ќе слабеете на здрав начин или
пак ќе ја одржувате Вашата линија во одлична форма.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *