3 начини како утринскиот тренинг може да Ви го подобри целиот ден

 

 

Дали ви претставува мака да го започнете денот? Откријте како да го започнете на правилен начин практикувајќи утрински тренинг.

Обожавам утра. Среќно сконувам од креветот со насмевка на лицето за да си го подготвам чајот, да ги прошетам кучиња и да отпатувам до канцеларијата, за да можам да појдам во теретаната. И сето ова се случува пред 7 часот наутро. За некои луѓе ова можеби звучи како тортура, особено за оние кои се борат со себеси за да станат од кревет наутро. Затоа нема да Ви предложам да си наметнете рутина и да станувате во 5 часот наутро, но ќе ви предложам да размислите да почнете да се будите по неколку минути порано секој ден, сè додека не успеете да направите време за целосен 30-минутен утрински тренинг.

Ако утринската активност успеете природно да ја вметнете во Вашата дневна рутина, верувам дека ќе почнете да забележувате промени во телото, а што е уште поважно, најверојатно ќе почнете да се чувствувате попозитивно и попродуктивно во текот на секој ден. Го земам во предвид фактот дека сите ние сме индивидуалци и дека за некого можеби најдоброто време за да
го извлече максимумот од рутината за вежбање е подоцна во денот, но сепак, постојат некои големи придобивки поврзани со започнување на денот со утрински тренинг. Дозволете ми да ги споделам со Вас моите три најдобри совети за фитнес и да се обидам да Ве убедам да станете од кревет час порано.

3 начини како утринскиот тренинг може да Ви го подобри целиот ден

Поздрав избор на храна

Кога денот ќе го започнете со вежбање, генерално постои поголема шанса да правите поздрав избор на храна во текот на целиот ден. Утрото е време кога луѓето најчесто посегнуваат по храна полна со шеќер, маснотии и јаглени хидрати, бидејќи мислат дека оваа храна им помага да се разбудат. Кога ќе го започнете денот со нездрав оброк, си го подесувате телото за ден исполнет со варијации односно покачувања и падови на шеќерот во крвта. Храната со шеќер знае да предизвика многу зависност. Значи, ако сте го започнете денот со крофна, има поголема шанса да продолжите да јадете нездраво цел ден.

Herbalife shake

Добијте наплив на енергија од вежбањето

Природниот енергетски наплив што го обезбедува рутинското вежбање, ќе Ве спаси од конзумирање толку многу непотребни и нездрави калории. Повеќето луѓе со кои зборувам на оваа тема велат дека по вежбањето, свесно претпочитаат да изберат свежа храна. Утринското вежбање го зголемува срцевиот пулс и напливот на крв, па заради тоа веројатно ќе се чувствувате пофокусирано и попозитивно.

Победа над сообраќајот

Aко треба да патувате до работа за време на сообраќајниот метеж, размислете да се запишете на вежбање во теретаната која Ви е најблизу до работата. Оваа одлука ќе Ви помогне поконструктивно да го искористите времето во утринските часови, па така доколку се упатите кон работа порано за да вежбате, наместо да седите заглавени во сообраќајот помеѓу два браника, не
само што ќе му помогнете на Вашето тело, туку ќе имате и ментални придобивки, а и ќе се ослободите од непотребниот стрес, што пак може значително да го подоби Вашето расположение. Ако не сте во можност да се зачлените во теретана, размислете да се упатите кон работа порано и да одите на прошетка.

Разбирам дека во текот на летните месеци е многу полесно да се придржувате кон рутината и да практикувате утринско вежбање, бидејќи светлината едноставно Ве повикува да излезете надвор, а признавам дека за време на зимските месеци, дури и за вљубеници во утринското вежбање како што сум јас, искушението да се остане во кревет подолго е многу поголемо. Токму затоа се обидувам да Ве убедам да започнете со здравата рутина на утринско вежбање сега. Ако можете да си направите навика да вежбате рано во текот на следните неколку недели, тогаш додека повторно дојде зимата, нема да сакате да се откажете од неа.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *