Сите предности на вежбање јога пред спиење

 

 

Сите предности на вежбање јога пред спиење.
Сите сме свесни дека јогата има многу позитивни влијанија, со неа се ослободуваме од
стресот, ни овозможува флексибилност и да постигнеме длабоко дишење. Но, дали знаевте
дека практикувањето јога пред спиење ги зголемува сите овие предности?
Ако сте искусен јогин, со јогата којашто се прави токму пред спиење се постигнуваат
најдобрите резултати и ефекти што ќе делуваат во текот на целата ноќ.

Сите предности на вежбање јога пред спиење

Зголемете го крвотокот

Зголемувањето на нивото на внесен кислород и зајакнувањето на срцевите мускули се исклучително битни за одржувањето на секојдневното здравје, особено доколку сте имале напорен и долг ден на работа или во училиште. Јогата пред спиење ќе го зголеми вашиот крвен притисок, ќе овозможи мирен сон и обновување на вашето тело коешто ќе биде
поподготвено за наредниот работен ден.

Опуштете ги вашите мускули

Нема ништо полошо од тоа да лежите во вашиот комфорен кревет, но со свиткан грб или нозе. Јогата пред спиење овозможува истегнување на мускулите, ослободување на тензијата од седењето зад биро по цел ден. Дополнително, ги опушта и вашите раменици, врат, нозе итн. Намалете ја болката со јога истегнувања за да можете да имате релаксиран одмор и мирен сон.

Заборавете на вашите грижи

Понекогаш филмовите, ТВ емисиите или видео повиците со вашите пријатели не придонесуваат за вашиот мозок да да престане да размислува. Техниките за дишење при јогата ви помогаат да се исчистите од негативните мисли и стрес фактори, со тоа што ги отстрануваат нештата коишто го тераат вашиот мозок да размислува. Менталното замарање пред спиење ќе ви создаде тешкотии при заспивањето или пак да имате мирен сон. Ослободете се од стресот со јога со тоа што ќе ги издишете сите грижи и стресови акумулирани во текот на денот.

Тргнете ги вашите мобилни уреди настрана

Гледањето во монитор и поминувањето подолго време на социјалните мрежи се главните причинители за тешкотиите при спиењето. Кога ќе легнете в кревет, тргнете ги смарт уредите на страна и фокусирајте го вашето тело, ум и енергијата на возобновување на вашите емоции.

Препорачани јога пози

Доколку не сакате да поминете цела јога сесија пред спиење, земете ги следните јога пози
предвид пред заспивање:
1. Мачка и крава: поставете ги рацете и нозете на подот. Позата крава е кога ќе го
подигнете грбот и главата. А позата мачка е кога ќе го повлечете стомакот, а брадата и
главата ќе ги доближите до вашите гради. Повторувајте ги овие две пози во серија.
2. Поза – дете. Седнете на колената, исправете ги рацете пред вас и одморајте го челото
на душекот.
3. Ваџрасана: Седнете на колената, позиционирајте ја тртната коска на вашите пети и
поставете ги рацете на вашите колена.
4. Шавасана: Завршете ја јогата со оваа поза. Лежете на вашиот грб, а рацете ставете ги
стомакот или поставете ги припиени до вашето тело. Затворете ги очите и поврзете се
со вашето дишење.

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *