3 начини да се регенерирате по долгото пешачење

 

 

3 начини да се регенерирате по долгото пешачење

Многу луѓе обрнуваат големо внимание на подготовките пред подолгото пешачење: планирање
на трасата, проверка на сите резерви, преземање на безбедносни мерки за претпазливост, итн.
Сепак, повеќето планинари прават грешка и не размислуваат за тоа што треба да направат откако
ќе завршат со пешачењето, односно тие без многу размислување се упатуваат директно во кревет
или веднаш седнуваат, без најпрвин правилно да ги истегнат мускулите. Како и да е, особено е
важно да размислите и за тоа како ќе се однесувате непосредно по подолгото пешачење
(планинарење), бидејќи на телото му треба време и помош да се релаксира и регенерира. Имајќи
го сето ова на ум, еве неколку идеи кои можат да ви помогнат полесно да се регенерирате по
ваквата активност.

3 начини да се регенерирате по долгото пешачење:

Уживајте и напијте се билен чај

По вежбање, важно е да го одржувате телото енергизирано и добро хидрирано, па иако, по
долгиот ден, чаша вино или парче торта може да ви изгледаат како најдобар начин да се
опуштите, тоа всушност може да доведе до пад на енергијата. Откако ќе се занимавате со
вежбање, метаболизмот се забрзува одреден период, па всушност може да забележите дека иако
вообичаено една чаша вино не влијае на вас, во овој случај може да предизвика чувство на
зашеметеност или да не се чувствувате добро.

Најдоброто нешто што можете да го направите за да го одржите вашето тело хидрирано е да
пиете вода. Сепак, алтернативни напитоци како билен чај, исто така, можат да бидат одличен
избор за вас.  Чајот од камилица и зелениот чај, особено му помагаат на телото да се регенерира,
бидејќи содржат својства што помагаат да се намали воспалението на зглобовите, што пак
навистина ќе му помогне на телото да се релаксира по долгиот ден.

Анимирајте го мозокот

Кога пешачите, вашето тело произведува многу хормони кои ве одржуваат будни и ви даваат
енергија. Меѓутоа, иако поголемиот дел од енергијата се троши за физичките активности, откако
ќе завршите со пешачењето и ќе се вратите дома, најверојатно ќе забележите дека не сте ја
потрошиле складираната ментална енергија. Затоа, пред да си легнете, можеби ќе ви биде од
корист да го ангажирате умот и на пр. да читате книга или доколку имате потреба од нешто
поактивно, тогаш можете да пробате да играте друштвени игри со пријателите и семејството.

Истегнете ги и релаксирајте ги мускулите

Пешачењето е спорт кој бара многу издржливост и навистина, до крајот на денот, може да ги
измори мускулите; па затоа важно е, по подолгото пешачење, да пронајдете правилен начин за да
ги опуштите и ослободите од стрес, односно темелно да ги истегнете. Ова е особено важно за
мускулите на нозете, а практикувањето масажа на себеси може да придонесе за ослободување на
затегнатоста. Одредени терапевтски методи со користење на топло и ладно, исто така може да
бидат корисни.

На пример, ако имате отечени зглобови, како што се колената или глуждовите, тогаш облоги со
мраз врз нив може периодично да помогнат, како и подигнувањето на тие специфични зглобови
во висина над срцето. Сепак, со цел да ги опуштите мускулите, нивното затоплување, на пример со
топла бања, може да помогне. Вклучувањето на магнезиум во бањата, на пример со Епсом солите
(магнезиум сулфат), е нешто што исто така навистина ќе им помогне на мускулите да се
регенерираат.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *