Среќа ќе имаш ако ја прифатиш кога ти ја нудат

 Трет Среќа или трет Чамец За Среќа  

Среќа имам или немам сеуште ќе слушнам од време на време од некого. Од онаа старата…Ех да ми падне 7 на лото…А играш ли?….нееее, ама ако ми падне знам како, до изреките од типот “Родиме мајко ксметлија и фрлиме на буниште“.

Среќа како збор одамна се провлекува низ муабетите а некако не сме спремни да прифатиме прилики кога ни се нуди таков стадиум. На еден семинар на топ дистрибутерите од мојата компанија слушнав една сторија за среќата и релацијата со одлуките наши . И ден денес ми зуи низ глава и често ја прераскажувам и на многумина им помогна, да се средат, одлучат и решат за добра одлука.

 Среќа или трет чамец зависи од нас, не од некој друг…

Искуството менува живот само ако сте спремни за тоа, Црвенататочка е црвена за сите, видете на линкот за Црвената точка.

Приказната оди вака некако:

-На индискиот полуостров во едно мало село поројни дождови го поплавиле целото и принудиле селаните да се дислоцираат.

Секој се снаоѓал и бегал од надојдените води, мислиш небото се отворило. Многу дожд, многу вода, реките се излиле од своите корита. Почнало селото да се поплавува.

Единствено на кровот од својата куќа еден човек седи и се моли. Што се случува околу него не го интересирало, околу неговиот дом. Дом што наскоро можело да го нема.

Заминувале луѓето со чамци покрај него се чуделе што ли го спопаднало зошто е тука уште, што чека.

Заминале роднини со својот чамец  покрај него. Нашле чамец  да се евакуираат ама попат и го повикале да се качи и тој.  Роднина со кој делеле и лошо и добро.

-Братуџед ајде влегувај доаѓа уште повеќе вода ќе биде уште полошо, да одиме од овде… Одбил

Одбивањето без размисла е лоша одлука

-Оди братуџед цел живот се молев на бога и он нема да дозволи да ми се случи било што лошо…Одил.

Покасно поминале и други комшии. Било кнап ама застанале да го земат. Да му се најдат тие нему како што и тој ним им се нашол  многу пати.

 Повторно одбил без размислување. Погласен бил од претходно, нервозен што не го разбираат. Го одбил и вториот чамец.

–Аман луѓе разберете нема да дозволи бог многу чесно му служев. Па зар џабе одев во црква толку многу години зар џабе палев толку многу свеќи.

Водата надошла уште многу повеќе,  до врвот од оџакот на кровот, целото село скроз било поплавено. Последните останати жители што останале поминале покрај него и му понудиле и тие помош.  Да го качат и земат со себе, да го спасат, барем додека сеуште има можност.

Третиот чамец, го одбил

И овој пат ги одбил, намокрен целиот неразмислувал воопшто.

–Луѓе нема да даде оној горе да се удавам. Верно му служев, се молев, постев, името му го славев. Одете си не берете гајле за мене тој ќе ме спаси. Одете.

Надошла уште поголема вода однела се со себе.Селото било срамнето со земја. Целото имание на мештаните, водата се им уништила наидувајќи го собрала и кутриот човек. Се удавил.

Горе кога пристигнал кај бога, љут, незадоволен отишол веднаш кај него да се пожали зошто дозволил да се удави. Зошто не превземал ништо да му возврати за вербата, туку така го оставил сам, зошто????

–А КОЈ ТИ ГИ ПРАТИ ТРИТЕ ЧАМЦИ

Информацијата за подобро здравје и за дополнителна заработка, незнам  кој чамец по ред е за вас.

Но не го кривите оној горе ако е трет и ако ги пропуштите.

Среќа ќе е ако е оваа информација за вас третиот чамец. А можеби да е втор, прв… Можеби ќе имате уште некој чамец во животот, ама вреди ли да се коцкате.

За повеќе информации за можностите што ви ги нудиме побарајте не на линкот


Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *